Уште една научна студија потврди дека некои производи кои ги конзумираме секојдневно се главна причина за таложење на мастите во нашиот стомак. Последната студија која ја спроведоа научници од повеќе земји и опфати 69 лица со прекумерна тежина, покажа дека тестенините, оризот, лебот, колачите и компирите се во ТОП 5 производи одговорни за таложење на мастите во стомакот.

Научниците спроведоа осумдневен експеримент, а како резултат на тоа, се покажа дека оние луѓе кои јаделе само мал дел од овие производи изгубиле 10% повеќе стомачни масти од оние што ги конзумирале и биле на заедничка нискокалорична диета. Освен тоа, тие загубиле само 4,4% масти.

Експертите препорачуваат да се откажеме од вообичаениот бел ориз, заменувајќи го со кафеав, а компирот е подобро да се готви како варен, отколку да се пржи. Белиот леб, исто така, треба да се замени со леб од цели зрна, а меѓу тестенини да се изберат само оние што се направени од тврда пченица.