Во мај 2019-та година 42 држави ќе настапат на Евросонгот кој ќе се одржи во Израел. 36 држави ќе настапат во првото и во второто полуфинале, а тие ќе се одржат на 14-ти и 16-ти мај, со надеж дека ќе се пласираат во финалето. Домаќинот Израел, како и државите од „големата петорка“ (Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија) се автоматски пласирани во финалето кое ќе се одржи на 18-ти мај. Трите шоуа ќе бидат продуцирани од Европската радио дифузна унија (EBU) и државниот телевизиски сервис на Израел – KAN.

Извршниот продуцент на овој музички натпревар, Jon Ola Sand изјави: „Минатата година Netta победи на изборот во Лисабон и го донесе натпреварувањето во Израел во 2019-та. Возбудени сме што 42 држави ќе бидат претставени во Тел Авив и се надеваме дека учесниците се инспирирани да го имаат сонот за победа. Тимот на KAN е веќе зафатен со подготовките да ги прими учесниците и светот во Тел Авив и ќе направи шоу кое ќе се памети.“

Листата на држави кои ќе настапат е следната:
Австралија (SBS)
Австрија (ORF)
Азербејџан (İctimai TV)
Албанија (RTSH)
Белгија (RTBF)
Белорусија (BTRC)
Велика Британија (BBC)
Германија (ARD/NDR)
Грузија (GPB)
Грција (ERT)
Данска (DR)
Ерменија (AMPTV)
Естонија (ERR)
Израел (IPBC/KAN)
Ирска (RTÉ)
Исланд (RÚV)
Италија (RAI)
Кипар (CYBC)
Латвија (LTV)
Литванија (LRT)
Македонија (MKRTV)
Малта (PBS)
Молдавија (TRM)
Норвешка (NRK)
Полска (TVP)
Португалија (RTP)
Романија (TVR)
Русија (RTR)
Сан Марино (SMRTV)
Словенија (RTVSLO)
Србија (RTS)
Украина (UA:PBC)
Унгарија (MTVA)
Финска (YLE)
Франција (FT)
Холандија (AVROTROS)
Хрватска (HRT)
Црна Гора (RTCG)
Чешка Република (ČT)
Швајцарија (SRG/SSR)
Шведска (SVT)
Шпанија (RTVE)

Холандија и Швајцарија по 60-ти пат ќе испратат свој претставник. Грција ќе настапи по 40-ти пат, а Хрватска, Естонија и Словенија по 25-ти пат. Литванија и Латвија ќе настапат по 20-ти пат, а Сан Марино по 10-ти пат. Најголем број на учества сепак има Германија, која ќе го испрати својот 63-ти претставник. Од државите учеснички, дури 19 држави се без победа и во Тел Авив ќе ја имаат можноста за прв пат трофејот да го однесат дома.

 

Извор: Eurovision.tv