Таканаречената глацијалнa или ладна терапија денеска попозната како криотерапија е развиена за првпат во Јапонија во 1978 година. Тогаш д-р Тошима Јамагучи ја користел за лекување на ревматоиден артритис. Подоцна неговите колеги откриваат дека криотерапијата може да го зголеми имунитетот, да помогне при воспаленија, псоријаза и други состојби на кожата.

Криотерапијата може да се изведува само на одреден дел од телото или во целина. Температурата е пониска, но телото не се замрзнува, туку го активира природниот механизам за лекување. За време на терапијата, многу повеќе крв се акумулира во срцето, капиларите се шират и белите крвни зрнца почнуваат да работат со побрзо темпо. Така, мозокот ослободува хормони како адреналин и ендорфини за стимулирање на органите. Оваа реакција го олеснува подмладување на клетките, ја зголемува имунолошката функција и промовира само-заздравување.

Денеска се познати многу, но во продолжение четири најочигледни придобивки од криотерапијата:

1. Помага при атипичен дерматитис

2. Ја зајакнува циркулацијата на крвта

3. Ги затвора порите и спречива воспаленија на кожата

4. Ја олеснува болката