Се чини дека нема кој не ја играл играта Тетрис на некоја платформа. Во продолжение ви нудиме некои факти за една од најпопуларните игри.

Автор на играта е Алексеј Пајинтов, руски програмер.

Првата верзија подготвена за играње била направена на 6-ти јуни 1984-та година.

Името на играта е спој од „тетра“ што значи 4 и тенис, кој бил омилен спорт на авторот.

прва верзија на Тетрис

Тетрис е првиот софтвер од забавен карактер кој бил извозен од СССР во САД, а Spectrum HoloByte со има издадено за Commodore 64 и IBM PC.

Играта или нејзина варијанта е достапна за скоро секоја платформа или компјутерски оперативен систем, како и верзии за калкулатори, мобилни телефони, музички плеери, па дури и за осцилоскоп.

Коробеиники е првата музичка тема употребена во оваа игра. Песната се базира на поема од Николај Некрасов од 1862, а со изминување на времето песната станува руска фолклорна тема.

Во првите 10 годнини, авторот не добил пари за своето авторско дело.

Во оригиналната игра Тетрис, играчот не може да победи, т.е. да ја „сврти“ играта.

Тетрис на iPod

Постои Светско првенство во играње на Тетрис, каде што играчите ја користат NES Tetris верзијата која се смета за оригинална.

Според Гинисовата книга на рекорди 2014, Тетрис е првата видео игра која беше играна во вселената.