Редовното користење на кафето ќе помогне не само да се расположите, туку и да ги заштитите клетките на кардиоваскуларниот систем од оштетување, велат експертите. Но, во сè треба да се има мерка, а особено во пиењето кафе.

Германските научници од Универзитетот Хајнрих Хајн во Дизелдорф за време на истражувањето стигнале до резултат кој вели дека кофеинот помага да се активира протеинот p27. Овој протеин, содржан во митохондриите на главните клеточни типови на срцето, помага да се зајакне внатрешната површина на садовите.

Ваков ефект се постигнува откако во телото влегува доволно количество кофеин – според пресметките, околу четири чаши кафе дневно, велат авторите на студијата.

Но, научниците не прецизираа која треба да биде точната доза или големина на чашата од која се пие. Во претходните студии, експертите од Бејкер институтот велата дека безбедната доза на кофеин дневно изнесува 300 mg. Обичната шоља свежо мелено кафе (200 ml) содржи 118-180 mg кофеин, а инстант кафето содржи 76 до 100 mg кофеин. Според овие податоци, безбедна доза за телото е максимум три чаши кафе дневно.