Benny Andersson на 18 години станал член па шведскиот бенд The Hep Stars кои настапувале со преработки на познати хитови, а биле нарекувани Шведските Битлси.

Во јуни 1966-та година Benny и Bjorn решаваат да ја напишат првата заедничка песна. Станува збор за песната “Isn’t It Easy to Say” која подоцна ја снимил бендот The Hep Stars.

Членовите на групата се решаваат да направат натпревар за именување на групата, а за таа цел бил искористен еден весник од Гетеборг. Најголемо внимание им привлекле предлозите “Alibaba”, “FABB” и “Baba”, но на крајот предлозите биле игнорирани, па бендот го добил името ABBA.

Првиот светски успех на ABBA е благодарение на победата на изборот за Песна на Евровизија во 1974-та година со песната “Waterloo”, која беше и прва победа за Шведска на тој натпревар.

ABBA е првата група која доаѓа од држава од неанглиско говорно подрачје, која успеала во подолг период да има успех во државите со англиски јазик како доминантен јазик.

Во летото во 1967-ма година Anni-Frid (Frida) Lyngstad победува на национален натпревар со песната “En ledig dag” која е шведска верзија на боса нова песната “A Day in Portofino”. Наградата за победата е договор за снимање со музичката куќа EMI Sweden.

Членовите на групата биле на заеднички одмор во Кипар во 1970-та година. Додека престојувале на плажата, тие започнале да пејат, а тоа во брзо време се претворил во импровизиран настап за војници на Обидинетите Нации, кои биле стационирани на островот.

Автор на нивното лого е Rune Soderqvist кој го употребил фонтот News Gothic во задебелена варијанти, а првото појавување на логото е на обвивката на синглот “Dancing Queen” во август 1976-та година.

Во 1973-та година, ABBA се согласиле да учествуваат во маркетинг капањата на компанијата Semper која произведувала храна за бебиња. Во рекламата се појавува Linda, бебето на Agnetha и Bjorn.

Членовите на ABBA успевале да го забиколат законот за неплаќање на данок за облека, бидејќи успеале да докажат дека облеката не ја користат за секојдневна употреба, туку за сценски настап.

ABBA беше составена од два брачни парови. Agnetha Faltskog беше во љубовна врска со Bjorn Ulvaeus, додека Anni-Frid Lyngstad беше со Benny Andersson. Во текот на најголемата популарност, двете врски имаа потешкотии, па бракот помеѓу Agnetha и Bjorn заврши во 1979-та година, додека бракот на Anni-Frid и Benny заврши во 1981-ва година.

ABBA сепак не е „чиста шведска“ група. Anni-Frid Lyngstad е родена на 15-ти ноември 1945-та година во Bjorkasen во Норвешка. Мајка и била норвежанка, додека татко и бил германец.

Последниот албум на групата Led Zeppelin (“In Through the Out Door) бил снимен во музичкото студио на ABBA (Polar Music Studios) во Стокхолм. Во едно телевизиско интервју, Robert Plant изјавил дека една вечер во 1978-та во периодот кога се снимал албумот, тој заедно со Bjorn и Benny од ABBA излегле заедно во локален секс клуб, со намера да избегаат од Agnetha и Frida.

ABBA имаа масивен успех во Австралија. Нивната специјална телевизиска емисија во 1976-та година наменета за австралискиот пазар имала повеќе гледаност отколку слетувањето на месечината во 1969-та година. По барање на гледачите, шоуто било емитувано 4 пати.

Во 1971-ва година Anni-Frid го имала својот прв број еден како соло извдедувач со песната “Min egen stad”, која била напишана од Benny, додека сите членови на ABBA учествувале како придружни вокали на песната.

Agnetha во периодот од 1968-ма до 1971-ва година имала 4 соло албуми, како и некоку успешни синглови на шведските листи.

Во периодот на Ладната војна, плаќањето од страна на СССР кон музичарите од западниот свет било невозможно, па бендот нашол начин да го заобиколи проблемот. Парите за авторските и изведувачките права ги наплаќале во форма на производи од нафта.

Прв хит за бендот е песната “Hej, gamle man”, која е песна за војник, а стигнала до местото број 5 во Шведска.

Во 2005-та година, Madonna објави дека пишала писмо до членовите на ABBA, молејќи ги да и дозволат да употреби нивна музика во нејзиниот музички материјал. Таа барала да употреби семпл од песната “Gimme, Gimme, Gimme (A Man After Midnight)” за нејзиниот сингл “Hung Up”. Како што знаеме, ABBA се согласиле.

Пред да бидат познати како ABBA, бендот го имал името Festfolk, во превод – луѓе кои се забавуваат.

Уште од 1838-ма година во Шведска постои компанија за производство на храна под името “Abba”. Во 1974-та година компанијата дозволила групата да го користи тоа име, иако тоа е кратенка од првите букви на членовите на бендот.

Во 1977-ма година ABBA одржале два концерти во лондонскиот Royal Albert Hall. Картите се продавале со испраќање на писмо, а организаторот објавил дека дури 3.5 милиони луѓе се пријавиле за карти за концертот, што било доволно капацитетот на салата да биде наполнет дури 580 пати.

ABBA имаат продадено преку 300 милиони примероци од своите албуми и синглови низ светот.

Bjorn и Benny се строго насочени кон зачувување на нивните авторски права, па во 1987-ма година го тужеа британскиот бенд The KLF за неовластена употреба на дел од “Dancing Queen”.

Иако досега постоеа неколку сериозни напори, членовите на бендот имаат одлучено никогаш повеќе да не настапуваат заедно на сцена.