Tom Shippey кој е дел од креативниот тим на серијата Lord of the rings, за германиот сајт Deutsche Tolkien го изјави следното:

„Логично, се обидувате да ги групирате сите сцени што се на една локација и да ги снимате одеднаш, за да не се враќате повеќе пати. Но за да го направите тоа, треба да имате целосна приказна од почеток и да го знаете крајот. Би требало да има 20 епизоди во првата сезона, но додека не одлучат каков ќе биде крајот, не може да започнат со снимање.“

Содржината на серијата ќе биде надгледувана од семејството на Толкин, кое ги има авторските права. Серијата ќе биде сместена во време далеку пред филмската трилогија на Peter Jackson. Првите епизоди треба да ги режира J. A. Bayona кој беше режисер на Jurassic World: Fallen Kingdom. Правата за серијата ги откупи Amazon за 250 милиони долари и планира да се потрошат дури една милијарда за серијата. Премиерата на првата сезона е закажана за во 2021-ва година.