Американската тенисерка Cori Gauff стана најмладата тенисерка која изборила пласман на главниот дел на турнирот Wimbledon. Gauff е родена во март 2004-та година. Таа е првата 15-годишна тенисерка која ќе настапи во главниот дел на турнирот во последните 10 години, а последна тоа го направи Laura Robson која настапи благодарејќи на вајл картата од организаторот.

Минатата година Gauff го освои јуниорскиот турнир на Roland Garros, а во 2017 настапи и во финалето на јуниорскиот US Open. Инаку, рекордот за најмлада тенисерка во главниот ждреб го држи Jennifer Capriati која во 1990-та настапи на турнирот имајќи 14 години и 101 ден.

Giulia Gatto-Monticone

На другата страна на спектарот, Giulia Gatto-Monticone успеа за прв пат да се квалификува за главниот ждреб со дури 31 година. Таа првиот професионален меч го има одиграно уште во 2002-та година, односно 2 години пред да се роди претходно спомнатата Gauff. Wimbledon започнува во понеделник, на 1-ви јули 2019-та година.