ЦИА одржува статистички податоци за населението во сите земји во светот. Десетте држави, кои изгледаат доста успешни, а во пракса постепено исчезнуваат, се влезени во процес кој се одвива многу побрзо отколку што и самите ние можеме да претпоставиме.

Во бројките врз кои ЦИА ги прави анализите се ставени статистики од природниот пад на населението и наталитетот. Првиот индикатор го надминува вториот во повеќе европски земји. Романија, Словенија, па дури и навидум просперитетната Германија, се соочени со факт дека растот на населението одамна им е под аларм.

Слична е ситуацијата и со супер-скапиот Монако. Летонија, Србија и, според ЦИА, Русија, се исто така на листата на држави во процес на исчезнување. Русите подготвија видео во кое се наброени 10-те земји кои се под сериозна закана за исчезнување во догледно време, ако продолжи да расте стапката на морталитет, наспроти онаа на наталитетот.