Американскaтa пејачка и актерка Џенифер Лопез ја освои наградата „Стилска Икона“ на CFDA Awards.

„Од озлогласениот фустан Версаче до нејзините музички спотови, таа е впишана во светската историја на поп културата и мноштво легендарни настапи на црвениот тепих, стилот на Лопез отсекогаш бил извонреден“, велат организаторите.

Според експертите, брендот JLo на Џенифер Лопез, лансиран во 2001 година, и донел на изведувачката повеќе од една милијарда долари, а линијата на облека, додатоци и парфеми ја прави една од првите познати жени кои започнале свој моден бизнис.

Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи во Музејот на Бруклин во Њујорк на 3 јуни.