Експертите за вино, специјалисти за прехранбени производи и претставници на туристичката индустрија од целиот свет во понеделникот се собраа во Лондон за првите светски награди за најдобрите винопроизводители, создадени во чест на модерниот вински туризам.

Победник за 2019 година е аргентинска винарија од срцето на долината Уко, во подножјето на Андите. Станува збор за „Zuccardi Valle de Uco“, семеен бизнис основан во 1963 година, кој откри запрепастувачка модернистичката градба од 2016 година, дизајнирана од страна на архитектите Том Хјус, Фернандо Раганато и Евгенија Морати.

Вкупно 1500 винарски визби ширум светот беа номинирани за наградите, со околу 3500 гласови од Меѓународната академија за вински туризам.