Иако германскиот пасош до минатата година важеше за најмоќен пасош, сега приматот го превзема Јапонија. Истражувањето го прави компанијата Henley & Partners, а рангирањето се прави според можноста граѓаните да посетат што е можно повеќе држави, без да имаат потреба од виза. Според новата листа, лицата кои имаат пасош од Јапонија можат да посетат дури 190 држави без да вадат визи.

Горен дел на индексот

На второто место е Сингапур со резултат од 189 држави, а третото место го делат Франција, Германија и Јужна Кореа со 188 држави. Со пасошите на Данска, Финска, Италија, Шпанија и Шведска можат да се посетат 187 држави без визи. Од државите во нашата близина, најголем успех има пасошот на Грција со кој можат да се посетат 183 држави без виза. Со словенечкиот пасош можат да се посетат 180 држави.

Пасош на Република Македонија

Според ова истражување, со пасошот на Република Македонија без визи може да се патува во 125 држави во светот. На дното на листата се наоѓаат пасошите издадени од Авганистан и Ирак со можност за посета на 30 држави без виза. Во долниот дел на оваа табела се наоѓаат и Сирија, Сомалија, Пакистан и Јемен.

Долен дел на индексот

Извор: Henley Passport Index.com