Српскиот тенисер ја освои својата 15-та Гренд Слем титула, а во финалето го победи Rafael Nadal со резултат 6:3, 6:2 и 6:3. Ова е дури седма титула за Ѓоковиќ во Мелбурн и со тоа ги надмина Roy Emerson и Roger Federer кои имаат по 6 титули на овој турнир.

Новак Ѓоковиќ

Naomi Osaka

Во женска конкуренција титулата ја освои Naomi Osaka од Јапонија. Таа во финалето ја совлада Petra Kvitova со резултат 7:6, 5:7, 6:4. Ова е и втора последователна Гренд Слем титула за Osaka после освојувањето на титулата во Њујорк. Со победата во финалето, Osaka на утрешната ранг листа ќе се искачи на првото место, а Kvitova ќе биде на второто место. Osaka е првата тенисерка во последните 3 сезони која успева да спои две Гренд Слем титули. Таа е првата тенисерка од 2001-ва година која успева тоа да го направи после освојувањето на својата прва Гренд Слем титула.

Pierre-Hugues Herbert и Nicolas Mahut

Титулата во конкуренција на машки парови ја освоија французите Pierre-Hugues Herbert и Nicolas Mahut. Тие во финалето ги победија Henri Kontinen и John Peers со резултат 6:4 и 7:6. Со оваа титула, Herbert и Mahut ги имаат освоено сите 4 Гренд Слем титули.

Samantha Stosur и Zhang Shuai

Samantha Stosur и Zhang Shuai се победнички во женски парови. Тие во финалето ги совладаа Timea Babos и Kristina Mladenovic со резултат 6:3, 6:4.

Barbora Krejcikova и Rajeev Ram

Во конкуренција на мешани парови, титулата ја освоија Barbora Krejcikova и Rajeev Ram, кои во финалето ги победија Astrid Sharma и John-Patrick Smith со резултат 7:6 и 6:1.