Во 2015 година, NASA го испрати астронаутот Скот Кели во вселената цели 340 дена – рекордно време за американските астронаути до ден-денес. Скот остана толку долго во вселената за да ги открие позитивните и негативните ефекти од долгиот престој надвор од нашата планета. Научниците на NASA го искористија неговиот брат близнак Марк како сегмент за споредба, затоа што на друг начин не можат да се добијат приближно вистински споредби.

Со оглед на тоа што до 2030 година NASA планира да ги испрати првите луѓе на Марс, фактот дек апатувањето до таму трае 3 години, јасно ќе остави последици врз здравјето на патниците. Еве што покажаа вкрстените анализи на здраствената состојба на Скот Кели кој близу една година беше во вселената, и неговиот брат Марк кој цело време во овој период беше на Земјата.

„Космичкиот” ефект врз организмот на Кели беше проучуван од околу 10 истражувачки групи. Тие ги презентираа своите резултати во студија објавена во научни магазини.

На почетокот на студијата, Марк и Скот имале 50 години. За година колку што траеше експериментот, истражувачите собрале вкупно 317 примероци од крв, измет и урина од двата брата. Анализите дадоа и краток список на разлики во нивната состојба по враќањето на Скот.

Тежина на телото За време на работата на ISS, Скот Кели изгубил околу 7% од неговата телесна тежина, додека неговиот “земен близнак”, напротив, добил дополнителни 4%. Ова се совпаѓа со податоците од претходните студии: астронаутите често губат телесна тежина поради губење на течности и поради намалување на мускулната маса.

Срце и крвни садови. Како што често се случува, крвниот притисок на Скот Кели во вселената бил малку намален. Во исто време, како одговор на промените во притисокот и оптоварувањето, ѕидовите на неговите крвни садови станале подебели. Ова е особено забележливо кај каротидната артерија. Покрај тоа, таквите промени потсетуваат на сликата карактеристична за атеросклероза. И Скот навистина имаше покачени нивоа на протеини кои транспортираат холестерол во неговата крв. И покрај фактот дека по враќањето на Земјата, сите овие индикатори се вратиле на место, истражувачите ги нарекуваат промените во ѕидовите на крвните садови еден од главните проблеми што ќе произлезат од тригодишната мисија на Марс.

Очи. По враќањето на Земјата, многу астронаути имаат проблеми со видот. Можеби фактот дека во отсуство на гравитација, притисокот на крвта во тенките садови се менува, а како одговор на падот на притисокот, хороидот формира брчки, а оптичкиот нерв станува подебел. Овој феномен, кој е интересен, е карактеристичен само за мажите, но не и за астронаутите жени, а исто така бил откриен и кај Скот.

Нервен систем. И на Земјата и за време на летот, браќата поминале едноставни компјутерски тестови. И покрај фактот дека пред летот близнаците речиси и не се разликувале ниту во брзината ниту во точноста на задачите, по враќањето на Земјата Скот почнал да дава полоши резултати на обновените тестови. Неговите резултати за брзината, точноста и вкупните перформанси беадрастично полоши од оние на Марк, барем во првите шест месеци по слетувањето.

Имунитет. Скот бил под поголем стрес за разлика од неговиот брат, па концентрацијата на стрес (про-воспалителни) маркери во неговата крв била поголема. Сепак, севкупната активност на имунолошкиот систем била приближно иста.

Микрофлора. И покрај фактот дека многу важни функции во човечкото тело се припишуваат на цревните микроби, немаше значителни разлики меѓу микроскопските сожители кај близнаците. За време на летот, Скот го промени односот помеѓу бројот на претставници на групите Firmicutes и Bacteroidetes, во кои спаѓаат повеќето жители на нашите црева, но овие промени не се ништо поразлични од оние кои се случуваат и ако живеете на Земјата. Скоро по завршувањето на експериментот, балансот во цревата и кај двајцата бил ист.

Клетки и гени. Во претходните студии, научниците откриле зголемена фреквенција на ДНК мутации кај астронаутите. И Скот не беше исклучок. Тие главно се однесуваат на големи промени во хромозомите.Веројатно, космичкото зрачење станува мутаген во овој случај.