На многу начини, антички Рим беше родно место на модерната западна култура. Лесно е да се видиме себеси во културата и обичаите од тоа време, со фокус и на слободата и владеењето на правото.

Во овој сегмент влегува и античка римска кујна. Некои работи, како леб, вино и маслинки, денес се користат во модерната западна кујна, додека други, како нивните силни сосови од риба и грозје, сигурно денеска не се на менијата дури и на најексперименталните гурмански ресторани. Сепак, во срцето на древната римска кујна се три состојки: грозје, жито и маслинки. Врз овие три состојки, практично е изградена и целата римска гастрономија.

Научниците ги нарекуваат “медитеранска тријада”. Грозјето се јадело како во основната природна непреработена форма, но исто така и преработено како вино со различни квалитети. Од вина чувани за елитата до најевтиниот ацетум или оцет, кој се користел во готвењето, но исто така и за широк спектар на други цели, како што е и гаснење пожари.

Жито било главна исхрана на сите – од најбогатите до најсиромашните. Во богатите домаќинства, пченицата била фино мелена и печена како бел леб или направена во фенси каша со различни состојки. Најсиромашните во Рим имале право на бесплатно жито, кое или би го однеле на пекар кој би го направил во леб или би го јаделе како каша замешана со вода.

Маслинките во антички Рим биле од суштинско значење за секојдневниот живот – како за исхрана, се разбира, но и како маслиново масло, кое било користено за сè – од масло за светилки до средство за перење. Без овие три состојки, римската кујна не можела да постои.