Утре со трката на „Алберт Парк“ во Мелбурн почнува новата сезона во Ф1 шампионатот. Последен пат кога Ферари беше шампион во Ф1 тоа беше во 2008 година, кога за тимот возеа Фелипе Маса и Кими Раиконен. Оттогаш, историјата на „Скудерија“ е поврзана со порази, но оваа година сè може да се промени. За оние кои со нетрпение чекаат да почне новата Ф1 сезона, еве некои работи кои треба да ги знаете пред да се запалат зелените светла на семафорот во Мелбурн.

» Според експертите, Мерцедес и оваа година е главен фаворит за титулата, но Ферари има значителен напредок и годинава теба да му дише зад вратна секоја трка. Исто така и Ред Бул ја враќа конкурентноста, а тоа го покажа и на предсезонските тестови кои поминаа одлично.

» Во 2019 година, само две екипи го задржаа минатогодишниот состав на пилотите – Мерцедес и Хас.

» Најизвикуваното повратничко име во Ф1 во последните години, конечно е назад во Ф1 циркусот – Роберт Кубица. Во доцните 2000-ти, тој се сметаше за еден од најветувачките пилоти во Формула 1, но во февруари 2011 година речиси загина по тешката несреќа на митингот на Ронда де Андора. Лекарите со часови се бореа за неговиот живот.

» Од сезоната 2019, правилото за плус бод за најбрз круг влегува во сила. Според него, возачот кој ќе има најбрз круг и ќе завршимеѓу 10-те најдобри ќе добие плус еден бод. Во овој случај, ако најбрзиот круг на трката биде поставен од пилот кој не е меѓу десетте најдобри бонусот нема да биде доделен.

» Оваа година ќе стапат на сила новите технички прописи – тимовите треба да користат помасивни, но помалку сложени предни прагови, како и пошироки задни. Причината за овие промени е желбата да се олеснипретекнувањето на пилотите и да се направи поголема конкурентност на патеките со повеќе претекнувања.

» Во новата сезона, ќе се промени и обележувањето на гумите. Во„Пирели“ се одлучија да се откажат од комплексниот систем за името на соединенијата, па отсега натаму, во сите фази на гумата, без разлика на нивната вистинска мекост, тие ќе бидат означени на ист начин – “тврда”, “средна” и “мека”.

» Претстојната сезона ќе биде 70-та, но светското првенство чека уште еден друг јубилеј. Кинеското Гран-при кое ќе се одржи на 14 април во Шангај, ќе биде 1000-та трка во историјата на Формула 1.