Кралското семејство се храни по специјално изработено мени, кое не се менува со години. На пример, кралицата Елизабета II сака да јаде само на пладне и никогаш скробни работи. Кралските јадења вклучуваат зеленчук, риба, морски плодови и чисто месо. Но, што е она што никогаш нема да го видите во чинијата пред Кралицата.

Компири – Кралските готвачи не само што не готват тестенини и леб, туку и го намалуваат компирот во нејзината исграна поради скробот.

Варени јајца – вареното јајце не изгледа кралско, но лососот и тартуфите и се меѓу омилените.

Лук и кромид – членовите на кралското семејство често контактираат со луѓе, па внесувањето храна со силен мирис како кромид и лук не смее да се најде на масата.

Банана – никогаш нема да ја видите пред Кралицата. Причина, не е пристојно да се јаде банана, затоа што протоколот вели дека храната се јаде со вилушка и нож.

Засладен чај – чајот е најстариот кралски пијалак, особено во Англија. Можете во него да додадете млеко или малку мед, но никогаш шеќер.