Група специјалисти од Универзитетскиот медицински центар во Мајнц спроведоа голема студија, за да дознаат како загадувањето на животната средина влијае на нашето здравје. Исто така, научниците ја анализирале и штетата од загадениот воздух и никотинот.

Бидејќи во изминатите неколку години експертите развија нови и попрецизни начини за дијагностицирање на загадувањето на воздухот, авторите на студијата одлучија да ги ревидираат податоците за ефектите од загадувањето врз здравјето на луѓето.

Претходните истражувања покажаа дека годишно загадениот воздух води до 7 милиони дополнителни смртни случаи ширум светот. Новото истражување го зголеми овој број на 8,8 милиони. Во нивната студија, научниците користеле модел кој имитира хемиски процеси во атмосферата. Овие податоци им помогнаа на специјалистите да ја разгледаат нивната интеракција со почвата, морето и супстанциите ослободени од природни и вештачки извори, како што се индустријата, транспортот и земјоделството.

Специјалистите исто така ги земаа предвид податоците на Светската здравствена организација (СЗО), индикаторите за густината на населението, географската локација и некои други фактори. Според статистичките податоци, најзасегнати од загадувањето на воздухот се земјите од Источна Европа, како што се Бугарија, Хрватска, Романија и Украина.

Исто така, меѓу лидерите се и Германија, Италија и Полска. За жал, здрав начин на живот и правилна исхрана не секогаш може да го задржи нашето здравје поради загадувањето на воздухот. Меѓу 40 и 80% од кардиоваскуларните болести, како што се срцеви напади и мозочни удари се должат токму на загадениот воздух.

Новите податоци исто така покажаа дека  загадениот воздух предизвикува повеќе смртни случаи отколку пушењето цигари. Во 2015 година, тутунскиот чад бил причина за смрт на 7,2 милиони луѓе, а 8,8 милиони умреле поради загаден воздух.