Генијалците не секогаш лесно го носат товарот на нивниот талент и успеваат да уживаат во животот како низ своите приказни. Писателите не ретко се само обични луѓе со многу животни стравови. Додека создаваат извонредни дела, не ретко некои од нив се нурнуваат во бездната на чудни фобии и опсесивни желби.

Во наредниве редови, неколку познати книжевни имиња за кои е потврдено дека имале најразлични фобии.

За Николај Гогољ се зборува дека имал најмалку 5- фобии. Сепак, онаа за која сите зборуваат е стравот од можнпста да биде закопан жив. Писателот уште во неговата младост страдал од длабока несвестица, проследена со длабок сон (последица од маларичниот енцефалит) и секој пат кога кога ќе настапела кризата бил загрижен дека ќе го прогласат за мртов и жив че го закопаат. Затоа, секогаш на своите најблиски пријатели им оставал аманет да не го закопуваат доколку не се сигурни дека е мртов, па дури и под услов да го остават неговото тело да почне да се распаѓа.

Американскиот колега на Гогољ, Едгар Алан По, исто така, имал многу необични стравови. Најистакната била фобијата од темница. Како дете, писателот посетувал училиште, каде што еден наставник ги однел учениците на локалните гробишта и предавал аритметика според датумите на животот и смртта на мртвите. Едгар Алан По по овој настан веќе никогаш не сакал да излегува по зајдисонце.

Владимир Мајаковски бил опседнат со своето здравје и имал фобија од инфекции. Затоа, тој секогаш носел ракавици и никогаш не ги допирал рачките на вратите со голи раце. Со себе поетот редовно носел јод, чисти марами и кутија со сапун.

Оноре де Балзак, пак, не можел да издржи на дневна светлина повеќе од неколку часа. Тој ги создавал своите дела во текот на ноќта, а во текот на денот никогаш не ги отворал завесите на прозорците. Покрај тоа, имал страшна фобија од самата помисла за брачен живот.

Џорџ Бајрон за време на неговиот живот постојано бил на некакви диети, затоа што бил склон кон дебелеење. Тој очајно се плашел за својата кожа и тен, па постојано се обидувал да ја одржи белината на телото. Секојдневно пиел оцет разреден во вода, по што си направил големи проблеми со стомакот и цревата.

Михаил Булгаков, пак, имал фобија од сон. Тој просто се плашел да заспие. Фобијата се појавила откако почнал да користи морфиум во младоста. Во тие денови кога не можел да земе доза, едноставно бил мачен од кошмари, а при будењето не можел да разликува што е сон, а што реалност.