Во минатото, Кина беше многу критикувана дека врши присилна преселба на огромен број луѓе во потрага по проекти за јавно добро. Создавањето на езерото Киандао беше еден од тие јавни проекти кои бараа принудна миграција на луѓе од своите вековни огништа. Изградбата на езерото во 1959 година донесе присилна преселба на над 300.000 луѓе, од кои некои зад себе оставија имот и традиција градена со векови, зато ашто и нивните предци живееле во регионот со генерации.

Меѓутоа, една од најголемите трагедии кои ги донесе оваа државна стратегија и операција беше потопувањето на империјалниот град Ши Ченг, во минатото познат како градот Минг, кој имаше импресивни споменици кои датираат барем од 14 век, а можеби и постари. Градот според сочувани записи постоел таму од 208 година. Регионот беше поплавен во 1959 година, а сега градот Минг лежи на дното на езерото со длабочина од 40 метри. Градот беше буквално заборавен до 2001 година кога кинеската влада организираше експедиција за да ги испита урнатините и да открие што остана од него.

На изненадување, поплавите ги зачувале старите камени згради. Заштитен од вообичаената почва, ветер и ерозија на дожд, градот сега изгледа скоро како и во годините кога бил поплавен. Ши Ченг служи како една од најдобро зачуваните збирки артефакти од Империјалистичкиот период во цела Кина. Денес, постојат неколку шеми за искусни нуркачи кои одат надолу со група туристи и истражувачи, кои имаат можност да ја видат „кинеската Атлантида“.