Водечката тв-серија на каналот History во последните неколку години, Vikings и официјално влегува во последната сезона од својот тв-живот. Како што објавија од продукцијата, претстојната 6-та сезона на серијата, ќе биде воедно и последна.

Според информациите на американските медиуми, хит-драмата за животот на Викинзите нема да заврши само со шесте сезони на Vikings. Имено, креаторот на серијата Мајкл Хирст и студиото MGM Television, се обидуваат да ја прошират франшизата во нова серија. History веќе е во преговори со MGM и Хирст за создавање на нова серија од истиот креативен тим како и оригиналната серија, која ќе ја продолжи сагата за Викинзите.

Vikings својот тв-живот го завршуваат по вкупно снимени 89 епизоди. Моментално е на половина пат емитувањето на последните 10 епизоди од петта сезона која има 20 епизоди, со финале закажано за 30 јануари. Серијата неодамна го заврши производството и на финалната шеста сезона , кој се очекува да се појави подоцна оваа година.