Ако Кенет во историјата го познаваме како првиот крал на обединета Шкотска, тогаш неговиот внук Константин II е кралот кој ја обликувал земјата во нешто што ние денеска би го препознале како Шкотска.

Во текот на неговото 43-годишно владеење, тој од Кралство на Пиктите до Кралство Алба, почнал да го употребува галскиот збор „Шкот“ за територијата која ја владеел. Зборовите “Шкот” и “Шкотска” првпат биле користени за време на неговото владеење. Во третата година од владеењето на Константин II, викинзите се вратиле и почнале со жестоки напади и ограбувања на кралството. Тие навлегле до Данкелд, каде што ограбиле многу шкотски религиозни богатства. Оттогаш, главниот фокус на Константин II бил насочен кон изнаоѓање начин за целосно поразување на Викинзите. За таа цел, се здружил со Англичаните со кои соработувал за поголемиот дел од неговото владеење во замена за мир и соработка. Во соработка, шкотските и англиските војски се судриле со Викинзите во Битката кај Корбриџ. Додека историјата на конфликтот меѓу Константин II и еден од најсилните викинзи Уи Имаир е обвиткана во плаштот на непознатото, нивното влијание исчезнало пред лицето на централизирана Шкотска до крајот на владеењето на Константин II.

Кога навлегол во шеесеттите години од животот, Константин II бил толку многу години на кралскиот престол, што едноставно му здодеало и решил сам да му го предаде кралството на својот внук, Малколм, а остатокот од својот живот го живеел како игумен во св. Ендрјус, посветувајќи се на предавање и учење. Мирното наследство беше реткост и во Шкотска и во Англија во тоа време и открива колку успешни биле неговите напори за создавање мирно и стабилно кралство.