Чилеанецот Хуан Карлос Саес доби драстична казна од Интернационалната тениска федерација поради учество во наместени натпревари. Во битката со „тениската мафија“, ИТФ му изрече 8-годишна забрана за настап на сите тениски натпревари под капата на ИТФ и АТП.

Неколку години по ред, Саис бил предмет на истрага, поради зголемени облози на неговите натпревари. Повеќето од големите облози биле во обложување во живо, а дури над 90% од уплатеното биле добитни облози.

Најчестата практика била обложување на загубен поен на негов сервис. Тоа Саес лесно го изведувал, а уплатувачите имале доста голем ќар. Тој ги негираше обвинувањата, но  одби да соработува со истражните органи.