Чадот од цигарите е сериозна закана за компјутерските хард дискови. Ова го покажа последната студија спроведена од сајтот CDRinfo, според која високата брзина на ротација и слободниот простор меѓу магнетна глава и плочата на хард дисковите (околу 3 нанометри) создаваат услови дури и микроскопски честички на чадфот од тутунот да предизвикаат гребаници и на крајот да го уништат магнетниот слој на плочата на кој се чуваат податоците.

Чадот може да навлезе во дискот низ отворите наменети за израмнување на притисокот. Повеќето кориснички хард дискови не се целосно запечатени за да се одржува притисокот во дискот еднакво со тој на воздухот надвор од него. И покрај тоа што производителите поставуваат филтри во отворите и собирачите на прашина во зоната на задржување, постои ризик за продирање на честички на дискот, со голема веројатност за оштетување на магнетниот слој на плочите.

Таквите влијанија се опасни, бидејќи штетата не се случува веднаш, туку во одреден момент хард дискот може да се оштети без очигледна причина. Значи во секој случај не треба да се пуши во близина на хард дисковите.