За овој човек се направени стотици документарни филмови, книги… Но и денеска, неговото име секогаш предизвикува интерес. Хитлер и денеска е предмет на опсервација на научната јавност. Прашањето: Кој всушност беше Хитлер? и денеска бара и нуди стотици одговори. Еве што за Хитлер и неговите секојдневни навики и хобија може да се прочита од доверливите документи на американската разузнавачка агенција ЦИА. Во некои декласифицирани материјали стои следново:

Ако зборуваме за храната, Адолф многу ретко и во мали количини јадел месо, најчесто пилешко со ориз, понекогаш пушен лосос. Ако разберел дека производот му штети, тој веднаш престанувал да го користи. Хитлер сакал пиво, но и никотин и месо, кои откако разбрал какво дејство имаат врз телото, веднаш ги тргнал настрана.

Хитлер никогаш не застанал зад воланот на некој автомобил. Сакал автомобили со преклопен покрив, кој секогаш се користи како за на паради, дури и ако времето било лошо.  Од музиката ги презирал Бах, Бетовен, Брамс и Моцарт, но затоа негови фаворити биле Вагнер, Григ, Лист, Шопен и Штраус. Уште една работа која можеби не ја знаете за Адолф Хитлер е тоа што многу му се допаѓала американската фудбалска химна, како и херојските пароли, кои му давале на тимот позитивен став пред натпреварот.

Многу често Фирерот одел на операта, многу ретко на други концерти. Во принцип, седел цело време во домот, ги мразел рестораните и кабареата. Патем, Хитлер никогаш не танцувал, никој не го видел во таа улога, но го сакал циркусот, што за него било посебно хоби. Особено бил фасциниран од моментот кога во циркуската арена ќе видел жена со диво животно. Велел дека сака да гледа дами како се извлекуваат од опасност. Фирерот имал приватен театар и кино, каде што гледал филмови во вечерните часови. Тоа биле филмови главно забранети за јавно прикажување кои му ги обезбедувал Гебелс. Извесниот пријател Хајнрих Хофман му пуштал и порно филмови.