На аукција одржана во Њујорк, за 22.400 долари беше продадена употребена хартиена чинија (од оние за еднократна употреба) во која Курт Кобејн некогаш јадел парче пица.

Откако завршил со јадењето, на хартиената чинија Кобејн ја направил сет-листата за концертот кој таа вечер на 23 април 1990 година групата го одржа во Вашингтон.

Досега ова вредно парче хартија било во рацете на Џони Ригс од групата THUD, кој ја зел хартиената чинија и ја чувал сето ова време. Купувачот освен чинијата доби и флаер од тој концерт.