Хакерите наскоро ќе можат да откриваат и анализираат звуци од пишување на тастатура или дигиталното воведување на информации и да откриваат точно што пишуваат луѓето на своите уреди.

Зголемениот број на научни студии покажаа дека акустичните сигнали или звучните бранови произведени со внесување информации на нашите телефони може да им користат на хакерите за читање на текстуални пораки, лозинки, PIN и други лични информации. Таквите напади можат да се случат, тврдат експертите, доколку корисниците на паметни телефони преземат апликација која е заразена со малициозен софтвер која пристапува до такви сензори за паметни телефони како микрофон, акцелерометар и жироскоп.

Потврдено е дека микрофоните во Андроид уредите можат да се користат за фаќање на вибрации кои се добиваат кога користите виртуелна тастатура на телефонот или таблетот. Звучните бранови што се снимаат потоа може да се протолкуваат за да препознаат каде се притиска на екранот и кои копчиња сте ги стиснале.