Се очекува дека вкупниот број на луѓе кои ќе ја погледнат последната епизода веќе оваа недела ќе ги урне и сите други досегашни постоечки рекорди. Во просек секоја епизода од осмата сезона ја гледаа околу 44,2 милиони гледачи.

Фантастичната серија базирана на романот на Џорџ Р.Р. Мартин, “Песната за оганот и мразот” стана најуспешна тв-серија во речиси 47-годишната историја на HBO.