Физичката активност, дури и помалку од 2,5 часа неделно, може да го намали ризикот од развој на деменција, откриле истражувачите од Бостонскиот универзитет. Студијата била спроведена во периодот од 2016 до февруари 2019 година. Студијата вклучува 2354 луѓе (1099 мажи и 1276 жени), кои биле испитувани со акцелерометар и магнетна резонанца.

Експертите веруваат дека редовната физичка активност може да го подобри не само физичкото здравје, туку и менталното. Особено, според нив, спортувањето, дури и ако тоа значи “едноставни прошетки”, го забавуваат процесот на стареење на мозокот, со што физички активните луѓе имаат помала веројатност да добијат деменција.

Според пресметките на истражувачите, оние чија физичка активност неделно изнесувала 150-300 минути, го одложиле стареењето на мозокот за 1,1 година за секој час физичка активност неделно. Оние кои оделе по 7500 чекори неделно, го забавиле стареењето на мозокот и до 2 години.