Архитектонското биро OMA веќе и официјално го престави финалниот проект за изградба на најголемиот стадион во Холандија. Станува збор за новиот фудбалски дом на еден од најпопуларните клубови во земјата на „лалињата“, Феенорд, кој треба да го види светлото на денот за најмногу 5 години.

Проектот датира од 2016 година, но од ОМА објавија дека дури сега е комплетиран целиот проект план и изградбата започнува.

Новиот стадион на Феенорд ќе има капацитет од 63.000 места и со тоа ќе го помине оној во Амстердам, познат како „Амстердам Арена“, кој има малку помал капацитет од 55.000 места.