Уште две жени го обвинуваат Кристијано Роналдо за сексуален напад. Како што објавија британските весници, станува збор за информација која доаѓа од адвокатот на Американката Катерина Мајорга.

Една од жените изјавила дека била “повредена” од Роналдо, додека другата влегла во програма на заштитен сведок. На 7 октомври, адвокатот Стовал тврди дека една жена му пришла на улица, тврдејќи дека Роналдо ја силувал. Според адвокатот, таа ќе пренесе информации за насилните активности на фурбалерот во полицијата во Лас Вегас.

Мајорга беше првата која јавно го обвини Роналдо за силување. Според неа инцидентот се случил во 2009 година во Лас Вегас. Жената тврдела дека спортистот платил за да молчи. Висината на надоместокот бил 375 илјади долари.