Веројатно никој од посетителите на аукцијата во лондонскиот Sotheby во петокот не очекуваше некое уметничко дело да се самоуништи. Сепак тоа и се случи. Станува збор за делото “Girl with Ballon” кое веројатно сте го сретнале сурфајќи низ интернет просторот. Сликата е дело на “Bansky” кој е уличен уметник од Британија, а се претпоставува дека станува збор за Robin Gunningham кој е роден во 1973-та во Yate во близина на англискиот град Бристол.

Girl with Balloon

Сликата “Girl with Balloon” достигна цена од 1.04 милиони британски фунти на аукцијата во Sotheby, но штом чеканот удри на масата за да означи дека наддавањето за ова дело е завршено, механизам скриен во внатрешноста на рамката на сликата започна да ја сече самата слика. Уметникот на неговиот профил на Instagram постираше статус “Going, going, gone…” израз кој се користи при аукцијата, но и прикладен израз при уништување на ова дело. Потоа објави и кратко видео како бил вграден механизмот во рамката на сликата.

Токму ова дело минатата година беше избрано за најомилено уметничко дело во Британија. Неговите дела можат да се видат низ улици во Европа и САД.