Научниците од Универзитетот во Калифорнија и Харбин Институтот за технологија создадоа уникатни контактни леќи кои имаат опција за зумирање. Зумирањето е со едно движење на очите. За да се намали или зголеми сликата, корисникот на леќите е доволно да трепка.

„Меките леќи се направени од материјали што се чувствителни на стимулација и покажаа одлични перформанси“, велат производителите.

Принципот на работа на пронајдокот се базира на електрокулографија (ЕОГ). Пет електроди се прикачени на секоја леќа, кои примаат електрични сигнали кои произлегуваат од движењето на очите. Овие електроди дејствуваат како мускулите на очите. Кога површината на полимерот станува поконвексна, леќата ја доближува сликата.