Европската фудбалска конфедерација (УЕФА) и официјално го одобри создавањето на нов клупски турнир. Натпреварувањето ќе дебитира во периодот од 2021-2024.

Оваа одлука беше донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Даблин. Работниот наслов на турнирот е UEL2 (УЕФА Европа Лига 2). Забележано е дека натпреварите ќе се одигруваат на ист начин како во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Во новиот клупски турнир ќе учествуваат 32 тима, поделени во осум групи по четири екипи. Плеј-офот ќе започне со 1/8-финале, а ќе има дополнително коло пред оваа фаза, во кое ќе играат екипите кои ќе завршат втори во групите од UEL2 и трети во групите на Лигата на Европа.

Победникот на UEL2 следната сезона ќе може да игра во Лигата на Европа.