Во 2000 година, Дариуш Јанишевски бил мачен и убиен, а неговото тело го нашле рибари четири недели откако исчезна во градот Вроцлав. Локалните власти не успеаја да направат напредок во истрагата и го оставија случајот по самошест месеци.

Три години подоцна, во 2003 година, Кристијан Бала го објави својот прв роман, „Амок“ , кој стана бестселер во Полска. Две години по неговото објавување, анонимен читател и посочи на полицијата дел од деталите опишани во книгата, со сомневање дека се слични на оние од убиството на Дариуш Јанишевски три години претходно. Бала во романот „Амок“ ги опишал маките и убиството на една млада жена, но полицијата во нив открила детали, многу блиски со убиството на Јанишевски.

Во 2007 година по нова четиригодишна истрага и судски процес, судот го осуди Бала на 25 години затвор за убиството на сопственикот на мал бизнис и пријател на неговата поранешна сопруга. Обвинителите во случајот тврдеа дека Јанишевски бил во врска со поранешната сопруга на Бала и веруваа дека мотивот за убиството бил љубомора. Приказната на Бала беше прикажана и во една епизода на „Investigation Discovery’s True Nightmares“.