Милијарда долари. Толку тежи бизнисот за трансплантација на коса во Турција. Само во Истанбул има повеќе од 400 специјализирани клиники, подготвени да го извршат чудото за 1.500 или 2.000 евра. Цената е „џабе“, ако се знае дека истите трансплантации во САД или Велика Британија чинат и до 25.000 евра,

Оваа бизарна форма на медицински туризам во Турција е во страшен подем. Бизнисот вклучува пациенти од Европа, арапските земји и се поќесто од САД. Веќе дваесет години постојат специјализирани турски клиники кои нудат ваков вид третман, засилен со фактот дека болниците и лекарите честопати се со одличен квалитет.

Се зборува дека месечно се извршуваат околу 5000 операции. Во Турција се користат врвни техники, благодарение на методот FUE (Екстракција на фоликуларна единица), т.е. екстракција на фоликуларни единици, минимално инвазивна хируршка процедура која се состои во екстракција на фоликуларни единици и во последователна реимплантација во области каде нема коса.

Фоликулите на влакната (кои можат да содржат од едно до пет влакна) се извлечени индивидуално, со употреба на многу мала алатка за инцизија, способна да остави практично невидливи лузни кои исчезнуваат за неколку дена. Операцијата се изведува со примена на локална анестезија во областа дефинирана како „донатор“ која претходно е избричена.