Конечно кино благајните во САД добија ветар во грбот, благодарејќи на How To Train Your Dragon 3. Филмот на DreamWorks Animation заработи околу 55.5 милиони долари, што е најголема заработка за еден филм во 2019 во својот почетен викенд. Тој го надмина Glass кој имаше заработено 40 милиони долари во првиот викенд. Со заработените 55.5 милиони долари How To Train Your Dragon: The Hidden World стана и филм со најголема заработувачка во серијалот, односно ги надмина 49.4 милиони што предхотниот филм ги имаше заработено во првиот викенд.

На второто место се најде шампионот од минатиот викенд Alita: Battle Angel со заработени само 12 милиони долари. На третото место се најде The LEGO Movie 2 со заработени скромни 10 милиони долари. На четвртото место имаме новитет, а тоа е Fighting With My Family кој заработи околу 8 милиони долари.

Останатите филмови во топ 10 се Isn’t It Romantic, What Men Want, Happy Death Day 2U, Cold Pursuit, The Upside и Run The Race. За следниот викенд ги очекуваме A Madea Family Funeral и Greta да се најдат на листата, но со оглед на синоќешните Оскари, ќе биде интересно доколку некој од победничките филмови биде повторно пласиран во кината во САД.