Оскаровецот Том Хенкс преговара за главна улога во екранизацијата на романот „News of the World“. Хенкс и режисерот Пол Гринграс преговараат за адаптација на романот, а според пишувањата на американските весници, веќе на големо и двајцата работат на сценариото за филм според историскиот роман, кој зборува за случувањата по завршувањето на американската граѓанска војна.

Романот „News of the World“ влезе и во најтесниот избор за националната книжевна награда на САД. Главниот јунак во романот, капетанот Џеферсон Кајл Кид заработува за живот читајќи весници на слушателите кои не знаат да читаат. Романот е сместен во Тексас.

Хенкс, кој двапати освојуваше Оскар е познат по бројните филмски остварувања, меѓу кои и Saving Private Ryan (1998), Catch Me If You Can (2002), The Terminal (2004), Bridge of Spies (2015), The Post (2017).