Викендов се одржа третото издание на Laver Cup, тениски натпревар помеѓу тениските селекции од Европа и од остатокот на светот. Натпреварувањето се одржа во Женева, а по трет пат победник е тимот на Европа. Капитени на тимовите повторно беа Bjorn Borg и John Mcenroe, а заменици беа Thomas Enqvist и Patrick McEnroe.

Laver Cup 2019

Тимот на Европа го сочинуваа Rafael Nadal, Roger Federer, Dominic Thiem, Alexander Zverev, Stefanos Tsitsipas, Fabio Fognini и Roberto Bautista Agut (замена). Тимот на Светот го сочинуваа John Isner, Milos Raonic, Nick Kyrgios, Denis Shapovalov, Jack Sock, Taylor Fritz и Jordan Thompson (замена). За прв пат во трите изданија, сите 6 тенисери од тимот на Европа беа подобро рангирани од играчите на тимот на Светот.

Laver Cup 2019

Иако според АТП листата, тимот на Европа требаше лесно да победи, третото издание на Laver Cup беше најнеизвесно досега. Токму последниот меч ја одлучуваше титулата. Натпреварувањето се одржува во три денови и секој ден се играат по 4 мечеви. Победа во првиот ден носи 1 поен, побаде во вториот ден носи 2 поени, додека дури 3 поени носи победата во третиот ден. Победник е онаа репрезентација која ќе има поголем збир на крајот од мечевите или тимот кој прв ќе собере 13 поени.

Laver Cup 2019

Тимот на Европа собра 13 поени додека тимот на Светот собра 11 поени. Победите за тимот на Европа во првиот ден ги направија Thiem, Tsitsipas, како и Federer и Zverev во двојки. Во вториот ден победите за Европа ги собраа само Federer и Nadal во поединечните мечеви. Во третиот ден, Federer и Zverev ги донесоа бодовите за Европа.

Laver Cup 2019

 

Laver Cup 2019

Првото издание се одржа во Прага, минатата година Чикаго беше домаќин, оваа година Женева, додека домаќин на следното издание на Laver Cup ќе биде Бостон.

Бостон