Не е никаква тајна дека темно чоколадо е богато на теобромин – природен стимуланс сличен на кофеинот, кој исто така може да го стимулира производството на серотонин и помага да се подобри расположението и чувството на енергичност.

Умерениот внес на чоколадо со висока содржина на какао нема да доведе до почакување на нивото на шеќер во крвта, па дури и ќе ви помогне да имате повеќе енергија, вели една нова студија.

Покрај тоа, чоколадото го зголемува расположението, па дури и има анти-воспалителни својства. Љубителите на чоколадо сигурно ќе бидат задоволно да слушнат и дека според новото истражување храна богата со какао, вклучувајќи и какао путер, зрна какао, какао во прав, се нов, претходно непознат извор на витамин D2. Со оглед на тоа што во зима, тешко е да се дојде до него поради слабите сончеви денови, какаото може барем за нијанса да ја подобри ситуацијата со внес на овој витамин во вашето тело.