Климатолозите од Универзитетот во Оксфорд тврдат дека имаат силни докази кои ја посочуваат вистинската причина за ненадејното исчезнување на една од најстарите цивилизации на светот – Сумерите. Првата единствена сумерска држава формирана од освојувачот Саргон Велики – одеднаш ја снема пред 4200 години.

Научниците многу години се расправаа за причините за исчезнувањето на Сумерите. Претпоставките одеа од буни и незадоволство кое допринело за нивно уништување, до инвазија на номади. Сепак, научниците од Оксфорд велат дека причината е сосема друга.

„Долго време се сомневавме дека во тоа време се случила вистинска климатска катастрофа, истовремено уништувајќи ги не само сумерите, туку и древните индиски и египетски цивилизации”, вели Стјуси Каролин од универзитетот Оксфорд.

Проучувајќи ги сталактитите формирани во последните 5000 години во пештерата Голат-и-Зард во северен Иран, Каролин и нејзините колеги го најдоа првиот голем доказ дека жестоките суши и бурите од прашина ги лишиле Сумерите од сите резерви на вода.

Пред околу 4260 илјади години, растот на сталактитите драстично се забавил, што укажува на ненадејно и нагло намалување на врнежите. Оваа суша траела повеќе од 300 години. Покрај тоа, хемискиот состав укажува и на чести и силни бури од прашина во регионот.