Sony Pictures го објави првиот трејлер за „Мen in Black: International“, кој практично е reboot на популарната франшиза. Овој пат на место Will Smith и Tommy Lee Jones, во главните улоги се појавуваат Chris Hemsworth и Tessа Thompson.

Liam Neeson се јавува во улогата на шеф на лондонскиот оддел на агенцијата, додека Emma Thompson се враќа во улогата на шeф на организацијата како агентот O.

Останатите улоги им се доверени на Rebecca Ferguson, Kumail Nanjiani, Rafe Spall, Laurent Bourgeois и Larry Bourgeois.

Режијата е на F. Gary Gray (The Fate of the Furious, Straight Outta Compton), a сценариото го потпишуваат Art Marcum и Matt Holloway.

Men in Black: International премиерата во кино-салите ќе ја има на 14 јуни идната година.