Јосиф Висарионович Сталин не е име на кое со радост се сеќаваат милиони Руси кои беа родени и живееја во времето по Втората светска војна. Официјално познат како премиер на земјата (СССР) од 1941 до неговата смрт во 1953 година на 74 години, Сталин беше еден од најбруталните диктатори во светот кој имаше убиено илјадници свои граѓани, додека се обидуваше да ја трансформира земјата во голема глобална сила.

Иронично, последните денови од својот живот ги поминал во состојба на вистинска параноја. Луѓето кои тогаш биле задолжени за неговото здравје, и децении по неговата смрт со страв зборуваа за последните денови од животот на бруталниот диктатор.

Утрото, кога бил пронајден во својата соба, лекарите и колегите на почитуваниот комунистички лидер биле обземени од глетката во која го пронашле. Сталин испружен на креветот, практично во бессознание, целиот бил облеан во сопствената урина. Смрдот што се провлекувал во просторијата само го зголемил стравот кај лекарите и луѓето од послугата кои се двоумеле што и како да преземат. Во интервјуто дадено децении по настанот, Петар Лозгачов, заменик-командантот кој го пронашол Сталин, вели:

„Лекарите беа преплашени. Тие само го гледаа и се тресеа. Мораа да го прегледаат, но нивните раце беа премногу несигурни. Кога конечно почнаа да го прегледуваат, крвниот притисок на Сталин беше алармантен 210/120, неговата десна рака и нога беа парализирани, а неговите забни протези беа скоро разнишани“.

. Откако еден од лекарите ги извадил од неговата уста, од страв ги испуштил на земја и ги скршил. Сите знаеја дека ако Сталин се врати во состојба да командува за него следува смртна казна. Според главниот стоматолог на Сталин, Алексеј Доиников, Сталин имал само три свои заби на денот кога починал.