Британските археолози открија дека Картагина многу децении успешно се бореше и му прскосеше на Римското царство, само поради непресушните извори на сребро. Имено, Феникијците имале алтернативни извори на сребро кои ги користеле за да можат да ги платат сите воени трошоци.

Со помош на нив, Картагина ги плаќала платениците и ја одржувала економијата.

Истражувањата на територијата на Утика, еден од најголемите феникиски градови лоцирани во Африка, северозападно од Картагина, помогнаа да се разоткрие мистеријата на античкиот град. Врз основа на писма од жител на Утика испратено до свештениците, археологот Ендру Вилсон од Оксфорд, сугерира дека овој град го снабдувал Пунското царство со сребро. Во неговите посланија, тој постојано се жалел на страдањата на некои маченици во рудниците.

Под природни услови, среброто се наоѓа во форма на инклузии во олово. По испитувањето на примероците од почвата во предложените полиња и споредувајќи ги со примероците земени на други места, научниците откриле дека содржат огромна концентрација на сребрен изотоп на олово. Веројатно, тие би можеле да останат на дното на реките и езерата во близина на рудниците.