По четири години, Селена Гомез е подготвена да издаде уште еден албум. Пејачката го објави музичкиот спот за нејзината нова песна „Lose You to Love Me“, на полноќ во вторникот.

Apple ја промовираше песната на Apple Music и YouTube, каде се појави едноминутен клип на Гомез. Софи Мулер, режисерот кој работел со Гомез на „ Good for You“, го снимаше најновото видео користејќи само iPhone 11 Pro, објави Billboard.