Режисерот, сценарист и продуцент, творец на класици како „Индијана Џонс“ и „Паркот Јура“ тргнува во поекстремен предизвик. Спилберг почнува да снима хорор тв-серија. Станува збор за проект телевизиска серија која ќе може да се гледа само кога е темно, односно доцна навечер.

Режисерот работи на проект со Quibi , платформа која ќе биде лансирана во април 2020 година и е развиена од страна на Disney и eBay. Истата сака да земе примат кај оние кои гледаат тв на своите смартфони. Токму оваа хорор серија на Спилберг ќе може да се гледа само на мобилни уреди.