Иако секоја личност е различна, постои едноставна формула за губење на тежината која секогаш функционира – јадете помалку и движете се повеќе. Меѓутоа, ако се прашувате колку навистина треба да испешачите во текот на еден ден, за да има барем мал ефект од овој процес на слабеење, еве некои научни размислувања на оваа тема.

Последните научни студии на тема: слабеење со зголемена физичка активност, покажале дека во просек, едно лице прави по 1250 чекори на еден километар одење, поради што согорува околу 100 калории. Еден килограм вишок масти е еквивалентен на 7000 калории. Математични, за да загубите најмалку еден килограм неделно, треба да согорите 1000 калории дневно. Во бројки, тоа значи дека во текот на еден ден би требало да направите најмалку 10.000 чекори, што е еквивалентно на 8 километри пешачење.

И покрај тоа што оваа бројка изгледа голема, имајте на ум дека овие 10.000 чекори, исто така, вклучуваат одење по дома, одење до продавница, и така натаму. Сепак, за подобри резултати,, еден голем дел од овие 10.000 чекори добро е да се направат во побрз ритам.