Добро познатиот путер кој го користиме за сендвичи и за подготовка на разни јадења, ако се употребува во големи количини може да предизвика здравствени проблеми. Новото откритие на научниците од универзитетот Корнел ќе им се допадне на сите љубители на овој производ. Тие создадоа нискокалорично масло, кое се состои главно од обична вода.

Според Алиреза Абабаспурад, вонреден професор по хемија на храна и технологија на состојки на Универзитетот Корнел, нивниот производ се состои од 20% растително масло и млеко, и 80% вода. И покрај овој процент, тој има конзистентност и вкус на путер, но е многу безопасен. Лажица од такво вештачко масло вклучува 2,8 грама маснотии и 25,2 калории. За споредба, истиот волумен путер, од 84% маснотии и околу 16% вода, содржи околу 11 грама маснотии и до 100 калории.

За да создадат вакво “водено” масло, научниците развија нова технологија за емулгација. Самиот метод не е нов, но тие користеа емулзии со висока внатрешна концентрација (HIPE), што овозможува прецизно дозирање на количината на вода во производот и со тоа да се променат неговите својства.