Мартин Скорсезе повторно ќе го екранизира животот на една од култините личности на светската музичка сцена, легендарниот Боб Дилан.

Новиот документарен филм, кој се уште не се знае кога ќе се појави, ќе го носи името „Rolling Thunder Revue: A Bob Dylan Story“ и е втор филм на Скорсезе во кој централното место го има Боб Дилан.

Netflix, кои стојат зад проектот, објавија соопштение во кое се вели:
„Rolling Thunder Revue: A Bob Dylan Story“ е полудокументарен филм, полуконцерт, филм со единственото искуство на големиот Мартин Скорсезе“.

Самиот Дилан ќе биде дел од филмот со свои интервјуа. Документарниот филм веројатно ќе биде приказна за американската музика и уметност, како пресвртна точка за културата во дваесеттиот век.