Проблемите во „Викторија Сикрет“ не престануваат. Веќе неколку години, брендот е жестоко критикуван од разни активисти за нивната неподготвеност да го прилагодат својот имиџ и нивните производи со тековните „прогресивни“ трендови (особено за одбивање да поканат puls-size модели). Покрај тоа, пазарот покажа алармантен тренд: клиентите се повеќе ги напуштаат „секси“ комплетите за долна облека во корист на практични модели. Најрадикалните брендови (и клиенти) обично се одлучуваат за долна облека која е unisex, односно подеднакво погодна за мажи и жени.

Модна ревија на Викторија Сикрет, 2018 година

По крахот на последното емитување на модната ревија на „Викторија Сикрет“ во декември 2018 година кое го гледаа едвај 3 милиони гледачи, очигледно, оваа година претставата нема да се одржи воопшто. Но, најголемиот удар за имиџот на брендот се чини доаѓа допрва. Како што покажа истрагата на „New York Times“, педофилот Џефри Епштајн , кој беше уапсен на почетокот на јули под обвинение за трговија со луѓе (вклучително и малолетни лица), се претставувал како менаџер на „Викторија Сикрет“, ветувајќи им помош во кариерата како модели на многу млади девојки. Марија Фармер, која работеше за Епштајн кон крајот на 90-тите години, изјави дека некои девојчиња кои доаѓале во палатата на бизнисменот биле облечени во училишни униформи. Тие ообјасниле дека доаѓале на аудиции за „Викторија Сикрет“. Според манекенката Алисија Арден, под изговор за учество на „кастинг“, Епштајн ја одвлекол во неговата хотелска соба во 1997 година, каде што се обидел да ја силува.

Според државното обранителство, терминот „кастинг“ бил еуфемизам за сексуални оргии во кои учествувале гости и пријатели на Епштајн. Епштајн заврши мртов во затворската ќелија пред неколку дена, но брендот „Викторија Сикрет“ го очекува вистинска бура низ судскиот систем.